secret - онтологија

доверлив повеќе

доверливиот
Вид збор: Придавка
Што не е за во јавност, за што не смее да се зборува јавно.
Албански: sekret
Примери:
Сите добија доверливи шифрирани пораки.

илегален повеќе

илегалниот
Вид збор: Придавка
Што се крие од власта.
Примери:
Во годините пред Втората светска војна почнува да се шири илегалниот партиски печат на македонски јазик.

подземен повеќе

подземни
Вид збор: Придавка
Подмолен, прикриен, што не се забележува веднаш.
Примери:
Неговите подземни планови бргу ги откривме.

секретен повеќе

секретна
Вид збор: Придавка
Кој се држи во секрет, таен; кој има специјално тајно устројство.
Примери:
Секретни преговори, секретни документи.

скриен повеќе

скриени
Вид збор: Придавка
Кој не се открива јавно.
Примери:
Скриена опасност.

скришен повеќе

скришни
Вид збор: Придавка
таен
Примери:
скришна колиба

таен повеќе

тајниот
Вид збор: Придавка
Што не е за јавноста; што не им се соопштува на другите, што се крие од другите.
Примери:
Тајна седница.