sentence - онтологија

досуди повеќе

Види и: суди (несв.)
досудат
Вид збор: Глагол, свршен
Со судска пресуда определи некому нешто.
Албански: dënoj, shqiptoj dënim
Употреба: Правда
Примери:
Судот ми ја досуди куќата.

изрече повеќе

изречат
Вид збор: Глагол, свршен
Определи, утврди, донесе пресуда, казна и сл.
Албански: shqiptoj
Употреба: Правда
Примери:
Судијата ја изрече пресудата пред публиката во судницата.

осуда повеќе

мн. осуди
Вид збор: Именка, женски род
пресуда
Албански: dënim, ndëshkim
Употреба: Правда
Примери:
Тој беше ослободен од секаква осуда и пуштен на слобода.

осуди повеќе

осудат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрече пресуда против некого.
Албански: gjykoj
Примери:
Судот го осуди убиецот на смрт.

отсуди повеќе

отсудат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрече пресуда.
Албански: gjykoj
Примери:
Како ќе отсуди судот, така ќе биде.

период повеќе

мн. периоди
Вид збор: Именка, машки род
Голема сложена реченица, реченична низа.
Албански: fjali
Употреба: Граматика

пресуда повеќе

мн. пресуди
Вид збор: Именка, женски род
Одлука, решение што го донесува судот по завршувањето на судскиот процес.
Албански: vendim i gjyqit, dënim, aktdënim, aktgjykim
Употреба: Правда
Примери:
праведна пресуда

пресуди повеќе

пресудат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрече пресуда во судска постапка.
Албански: dënoj
Употреба: Правда
Примери:
Судот пресуди во моја корист.

реченица повеќе

мн реченици
Вид збор: Именка, женски род
Јазична единица формирана од повеќе зборови подредени според граматичките правила.
Албански: fjali
Употреба: Граматика
Примери:
проста, сложена реченица

сентенција повеќе

мн. сентенции
Вид збор: Именка, женски род
Во правото - одлука, пресуда.
Латински: sententia Албански: vendim
Употреба: Правда