session - онтологија

заседание повеќе

мн. заседанија
Вид збор: Именка, среден род
Собир, состанок на членови на некоја организација, друштво заради разгледување и донесување одлуки.
Албански: seancë, mbledhje
Примери:
Работата на заседанието се одвиваше во три секции.
заседавање
Албански: seancl, mbledhje
Примери:
Судот се повлекува на заседание.

седница повеќе

мн. седници
Вид збор: Именка, женски род
Собир на членови на некоја организација, колектив заради разгледување и донесување на одлуки.
Албански: mbledhje
Примери:
Држи седница.

сесија повеќе

мн. сесии
Вид збор: Именка, женски род
Заседанија на различни претставнички органи што се повторуваат периодично а исто така и периодот на таквите заседанија.
Албански: sesion
Употреба: Административен термин
Примери:
Редовна сесија на Собранието.