sew - онтологија

дошие повеќе

Види и: шие (несв.)
дошијат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде нешто со шиење, пришие.
Албански: shtoj me qepje
Примери:
Дошив уште едно копче на џемперот.
Изработи нешто со шиење до крај.
Албански: qep
Примери:
Шивачката ми го доши фустанот.

зашие повеќе

Види и: шие (несв.)
зашијат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да шие.
Албански: qep
Примери:
Таа заши уште како девојче на петнаесет години.
Пришие малку згора-згора.
Албански: qep sipërfaqësisht
Примери:
Таа го заши надве-натри скинатиот џеб.
сошие
Албански: qep
Примери:
Му ја зашив скинатата петлица.
Со шиење стави на друго место.
Албански: qep, vendos
Примери:
Ги заши парите во елекот.

испосошие повеќе

Види и: сошие (св.)
испосошијат
Вид збор: Глагол, свршен
Сошие повеќе нешта, сѐ.
Примери:
За два дена испосоши сѐ што му беше потребно за патувањето.

исшие повеќе

исшијат
Вид збор: Глагол, свршен
Сошие повеќе нешта.
Албански: qep shumë
Примери:
За еден час ги исши фустанчињата за девојчињата.
Опшие нешто по рабовите.
Албански: qep cepet
Примери:
Ја исши шамијата со златен конец.

нашие повеќе

нашијат
Вид збор: Глагол, свршен
Сошие нешто во поголемо количество.
Албански: qep shumë
Примери:
Им наши кошулчиња на децата.
Сошие, пришие додаток врз нешто.
Албански: qep shtesë
Примери:
Фустанчето го навеза и го наши со паричиња.

пошие повеќе

Види и: шие (несв.)
пошијат
Вид збор: Глагол, свршен
Шие малку, кратко време.
Примери:
Ќе пошиеме уште малку и ќе си одиме.

сошие повеќе

Види и: шие (несв.)
сошијат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврзе, соедини со шиење.
Албански: qep
Примери:
Ги сошил краиштата на платното.
Изготви со шиење.
Албански: qep
Примери:
Соши фустан.
Затвори рез, рана со шиење.
Албански: qep
Употреба: Медицина
Примери:
Mу ја сошиле раната.

чатиса повеќе

чатисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Во кројачкиот занает - сошива, спојува.
Употреба: Разговорно

чатисува повеќе

Види и: чатиса (св.)
чатисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
чатиса

шие повеќе

шијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изработува, прави нешто со шиење; има дадено нешто да се прави со шиење, му се прави нешто со шиење.
Албански: përpunon
Примери:
Шие фустан, костум итн.
(се шие) Се прави фустан, костум, облека со шиење.
Албански: përpunon
(ми, му, ѝ се шие) Му се прави фустан, костум итн.
Албански: përpunoj
Примери:
Ќе ѝ се шие раскошен несвестински фустан.

шијачки повеќе

Види и: шивачки (прид.)
шијачка
Вид збор: Придавка
Што служи за шиење.
Примери:
шијачки игла