shear - онтологија

достриже повеќе

Види и: стриже (несв.)
дострижат
Вид збор: Глагол, свршен
Истриже до крај коса или волна.
Примери:
Го беше дострижил муштеријата.

застриже повеќе

застрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да стриже.
Албански: krasis
Примери:
Тие ги застригоа овците.

истриже повеќе

Види и: стриже (несв.)
истрижат
Вид збор: Глагол, свршен
стриже
Примери:
Ги истригоа овците.

настриже повеќе

настрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Остриже извесно количество волна и сл.
Примери:
Одвај настригов една вреќа волна.

остриже повеќе

Види и: стриже (несв.)
острижат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани коса некому сосема.
Албански: qeth
Примери:
Војниците ги остригоа до гола кожа.
За животни – отстрани дел од руно.
Албански: qeth
Примери:
Овците ги остриговме со посебна машина за стрижење.

поостриже повеќе

Види и: остриже (св.)
поострижат
Вид збор: Глагол, свршен
Остриже малку или уште малку.
Примери:
Таа го советуваше дека е подобро да ја поостриже косата.
Остриже сѐ, сите до еден.
Примери:
Тој ги поострижа овците.

попотстриже повеќе

Види и: потстриже (св.)
попотстрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Потстриже малку, донекаде.
Примери:
Брадата треба да ја попотстриже малку.

потстриже повеќе

потстрижат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрати коса, волна и сл.
Албански: qeth
Примери:
Берберот лошо те потстригол.

стригне повеќе

стригнат
Вид збор: Глагол, свршен
потстриже
Примери:
Берберот така го стригнал.

стриже повеќе

стрижат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реже со ножици коса, волна.
Примери:
Ќе одам на бербер да се стрижам.