shepherd - онтологија

јаловар повеќе

мн. јаловари
Вид збор: Именка, машки род
Овчар што ги пасе јаловите овци, овните и шилежињата.
Примери:
Врне грме в планината, кај младите јаловари / - Нека грме, Недо ќерко, што те гајле тебе јаде.

овчар повеќе

мн. овчари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пасе или чува овци.
Примери:
Стариот овчар свиреше на кавал.

овчарин повеќе

Види и: овчар (м.)
мн. овчари
Вид збор: Именка, машки род
овчар
Употреба: Народна поезија

овчарка повеќе

Види и: овчар (м.)
мн. овчарки
Вид збор: Именка, женски род
жена овчар
Албански: çobanesh
сопруга на овчар
Албански: grua e çobanit

пастир повеќе

мн. пастири
Вид збор: Именка, машки род
овчар, чобан
Албански: pastorë, bari
Употреба: Книжевен збор
Примери:
стадото и пастирот

ќаја повеќе

мн. ќаи
Вид збор: Именка, машки род
Главен овчар, богат сточар.
Турски: kâhya Албански: qehajë
Употреба: Архаизам

чобан повеќе

Вид збор: Именка, машки род
овчар, пастир
Турски: çoban
Употреба: Народна поезија

чобанче повеќе

Види и: чобан (м.)
мн. чобанчиња
Вид збор: Именка, среден род
чобан
Употреба: Деминутив