мн. викови
Вид збор: Именка, машки род
Силен глас, извикување со цел да се обрне внимание.
Примери:
Даде вик по него.
викаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува, кажува гласно.
Примери:
Сите викаа: „Песна да чуеме!“
викнат
Вид збор: Глагол, свршен
Гласно се обрати на некого, најчесто по име или со наредба.
Примери:
Тој ѝ викна да слезе.
врескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пишти гласно, силно плаче.
Албански:
piskëllon, piskat
Примери:
Бебето цел ден врескаше.
дерат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дере) Вика силно.
Примери:
Се дере на цел глас.
мн. довици
Вид збор: Именка, машки род
извик, повик
Примери:
Од долните ливади се слушаа довиците на носачите.
Вид збор: Глагол, свршен
Повика некого, вика гласно по некого од извесна далечина.
Примери:
Селанецот го довика, но момчето се правеше дека не го слуша.
довикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Повика некого, вика гласно по некого од извесна далечина; со викање соопштува нешто од извесна далечина.
Примери:
Кога сакав да си одам, ми довикна, но јас не сакав да го чујам.
(се) довикнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се повикуваат еден со друг.
Примери:
Селаните веќе се сноваа низ селото и весело се довикнуваа.
довикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се довикува, само мн.) Се повикуваат еден со друг.
Примери:
Децата се довикуваа преку покривите од куќата.
завикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вика.
Примери:
Завика овчарот по нас и се стрча надолу.
згрмат
Вид збор: Глагол, свршен
(еднокр.) Гласно свика, извика.
Примери:
Тој со својот длабок глас згрме и настана тишина.
мн. извици
Вид збор: Именка, машки род
3бор со кој се повикува, се дава наредба и сл.
Примери:
Се слушна плачен извик со кој го повикува: Тааткоооо!
Вид збор: Глагол, свршен
Каже гласно, издаде вик.
Примери:
Стариот уште еднаш извика: „Со здравје, деца мои“.
(се извика) Силно викне, се провикне.
Примери:
Се извика колку грло што го држеше.
извикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Викне гласно, еднаш.
Примери:
Стражарот извикна отсечно - стој!
изнавикаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнавика) Се навика некому, многу, упати некому прекорни зборови.
Примери:
Му се изнавика на татка си.
(се) изразвикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се развика многу, наеднаш.
Примери:
Тој се изразвика по децата.
лаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вика, се кара.
Примери:
Тие две цело утро лаат една на друга.
нададат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нададе) Се навика некому.
Примери:
Му се нададе сѐ што ѝ дојде до уста.
Вид збор: Глагол, свршен
Се развика малку, некое време.
Примери:
Таа им се поразвика на децата.
Вид збор: Глагол, свршен
Викне силно и кратко.
Примери:
Некој пред порти провикна.
(се) развикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно да вика.
Примери:
Кога се развика, собата ечеше.
Вид збор: Глагол, несвршен
Вид збор: Глагол, свршен
(се) развика, (се) раздере
Примери:
Ама се расцркала женава!
Вид збор: Глагол, несвршен
рукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
свикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Викне силно еднаш или неколку пати по еднаш.
Примери:
Молчеше, молчеше и наеднаш свика.
Вид збор: Глагол, несвршен
спукаат
Вид збор: Глагол, свршен
свика
Примери:
Спукај им малу, па ќе видиш што ќе сторат.
спукотат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне одеднаш да чука, вика, вришти
Примери:
Спукотел ѓаволот во шишето.