slanderer - онтологија

клеветник повеќе

мн. клеветници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што клевети некого, што шири клевети за некого.
Примери:
Сите зборуваа за него, а тој знаеше кој е клеветникот и од каде доаѓаат тие приказни.

клепач повеќе

мн. клепачи
Вид збор: Именка, машки род
клеветник
Албански: përgojues
Употреба: Преносно значење

кодош повеќе

мн. кодоши
Вид збор: Именка, машки род
клеветник, поткажувач
Турски: godoş Албански: kodosh, spiun
Употреба: Разговорно
Примери:
Кодошите го наклеветиле пред старешината.

лајкучка повеќе

мн. лајкучки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што се кара или што озборува.
Албански: lehëse
Употреба: Разговорно

озборувач повеќе

мн. озборувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што озборува.
Примери:
Таа му се довери нему, а тој излезе најголем озборувач.