sleepy - онтологија

дремлив повеќе

дремливиот
Вид збор: Придавка
Што е мирен, тивок, што не се менува.
Примери:
дремлива вечер, дремлива провинција

замижан повеќе

замижаниот
Вид збор: Придавка
Што е поспан, дремлив.
Примери:
замижани очи

мамурлив повеќе

Види и: мамурен (прид.)
мамурливиот
Вид збор: Придавка
нерасонет
Примери:
Уште беше мамурлив, не го разбираше што му зборува.

подзамижан повеќе

подзамижаниот
Вид збор: Придавка
Поспан малку, донекаде.
Примери:
Ми личиш како подзамижан, да не ти се спие?

подзаспан повеќе

подзаспани
Вид збор: Придавка
Што е во полубудна состојба, заспан донекаде, не сосема.
Примери:
Лежи тој така, подзаспан, кога слуша некој тропа на вратата.

поспан повеќе

Види и: поспие (св.)
поспаниот
Вид збор: Придавка
Што не е сосема буден.
Примери:
Сѐ уште е малку поспан, но способен е да одговара на прашања.

сонлив повеќе

сонливи
Вид збор: Придавка
Кој сака многу да спие, склон кон спиење.
Примери:
Сонливо дете.
Својствен на човек што сака да спие.
Примери:
Во сонлива состојба.