slime - онтологија

залигави повеќе

залигават
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лигави нешто.
Албански: bën me liga, lëshoj jargë
Примери:
Детето ги залигави играчките.

лигави повеќе

лигават
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта лиги.
Албански: lëshoj jargë
Примери:
Детето лигави зашто вади заби.
Прави нешто да стане лигаво.
Албански: jargoj
Примери:
Кучето го душкаше и му ги лигавеше панталоните.
(се лигави) Му течат лиги.
Албански: jargohet, ligavet
Примери:
Детото се лигавеше по рачињата.
(се лигави) Се однесува неприродно, непријатно, се преправа.
Албански: jargohet, ligavet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не туку се лигави!

мрсулави повеќе

мрсулават
Вид збор: Глагол, несвршен
Наводенува, намачкува нешто со мрсули.
Албански: qurra
Примери:
Му го мрсулави ракавот.
(се мрсулави) Плаче, се жали без поголема причина, се лигави.
Албански: zhul
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Не ми се мрсулави, тоа не ти помага.

полигави повеќе

Види и: лигави (несв.)
полигават
Вид збор: Глагол, свршен
Лигави некого, нешто кратко време.
(се полигави) Се лигави малку, кратко време.

разлигави повеќе

Види и: лигави (несв.)
(се) разлигават
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да му течат лиги, стане лигав.
Албански: jargoj
Примери:
Си се разлигавил како некое дете.