slipper - онтологија

апостолка повеќе

мн. апостолки
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Вид лесни сандали или влечки кои имаат дел меѓу палецот и соседниот прст.
Примери:
Неговите апостолки се беа излижале кај петиците.

влечка повеќе

мн. влечки
Вид збор: Именка, женски род
Обувка што се навлекува со отворен заден дел.
Албански: heqël
Примери:
Невестата се појави со влечки на нозете.
Обувки за движење на помали растојанија, низ двор, до комшии, обично стари, износени чевли, папучи и сл.
Албански: heqël
Примери:
На влечки отиде до комшиите.

пантофла повеќе

мн. пантофли
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) собни влечки, папучи, лесни и топли обувки за по дома.
Турски: pantufla

папук повеќе

мн. папуци
Вид збор: Именка, машки род
вид обувки
Албански: heqël, pantofël
Употреба: Архаизам

папуча повеќе

мн. папучи
Вид збор: Именка, женски род
влечка
Турски: pabuç

терлик повеќе

мн. терлици
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Вид домашни обувки.
Турски: terlik
Употреба: Архаизам

топлинки повеќе

топлинките
Вид збор: Именка, множина
Топли зимски обувки или влечки.
Албански: pantofla