slit - онтологија

прорез повеќе

мн. прорези
Вид збор: Именка, машки род
Расечено, прорежано место на нешто, на дел од облека и сл.
Албански: grisje
Примери:
Од страните фустанот имаше длабоки прорези.

процеп повеќе

мн. процепи
Вид збор: Именка, машки род
Исечено, распорено место.
Албански: çarje, prerje
Примери:
Направи процеп за главата.

цеп повеќе

мн. цепови
Вид збор: Именка, машки род
Отвор на облеката, обично исечено место.
Албански: çarje, prerje

цепнатина повеќе

мн. цепнатини
Вид збор: Именка, женски род
Тесен а долг отвор во нешто направен со цепење.
Примери:
мала цепнатина

цепутка повеќе

Види и: цеп (м.)
мн. цепутки
Вид збор: Именка, женски род
процеп, пукнатина

шлиц повеќе

мн. шлицови
Вид збор: Именка, машки род
Разрез на фустан или на панталони.
Германски: Schlitz
Примери:
Шлицот му беше отворен.