slurp - онтологија

досрка повеќе

досркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Срка, исрка до крај.
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ја досрка чорбата и си легна.

засрка повеќе

засркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да срка.
Албански: pi me hurpe, glënjkë
Примери:
Тој лакомо засрка од чорбата.

зашмрка повеќе

Види и: шмрка (несв.)
зашмркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пие со подзатворена уста испуштајќи шумови.
Албански: pin
Примери:
Гостинот зашмрка од кафето.

изнасрка повеќе

Види и: насрка (св.)
(се) изнасркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насрка во доволна мера.
Примери:
Се изнасрка попара.

исрка повеќе

Види и: срка (несв.)
исркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испразни, изеде нешто со сркање.
Примери:
Колку што сум гладен, цело тенџере ќе исркам.

насрба повеќе

(се) насрбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со србање се најаде, се засити.
Употреба: Дијалектен збор

насрка повеќе

(се) насркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со сркање, се најаде, се нахрани.
Примери:
Наутро ќе се насркаше попара со млеко и излегуваше на работа.

понасрка повеќе

Види и: насрка (св.)
(се) понасркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насрка доволно или во поголема мера.

срба повеќе

србаат
Вид збор: Глагол, несвршен
срка
Употреба: Дијалектен збор

србне повеќе

Види и: сркне (св.)
србнат
Вид збор: Глагол, свршен
сркне
Употреба: Дијалектен збор

срка повеќе

сркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде со лажица нешто течно, ретко.
Употреба: Гастрономија
Примери:
Сркале рибина чорба.
Пие гласно.
Примери:
Срка кафе.

сркне повеќе

Види и: срка (несв.)
сркнат
Вид збор: Глагол, свршен
срка
Примери:
Штом сркнал, сетил дека туриле шеќер место сол.

сркнува повеќе

Види и: сркне (св.)
сркнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сркне
Примери:
Секогаш сркнува по малу.

фрба повеќе

фрбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие нешто, обично топло, со поземање и воздух.
Албански: gjerb, surb
Употреба: Гастрономија
Јаде со лажица нешто топло и течно, срка.
Албански: gjerb, surb
Употреба: Гастрономија

шлиба повеќе

шлибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо срка.
Албански: gjerb, surboj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја шлиба чорбата.

шмрка повеќе

шмркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со уста - пие, трга.
Албански: pi
Примери:
Шмрка кафе.

шрба повеќе

шрбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
срка
Употреба: Гастрономија