snap - онтологија

ждракне повеќе

Види и: штракне (св.)
ждракнат
Вид збор: Глагол, свршен
штракне

заглода повеќе

Види и: глода (несв.)
заглодаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заглода) Почне да се глода еден со друг, меѓу себе.
Албански: acarohem, kapem
Примери:
Ѕверките се заглодаа меѓу себе.
(се заглода) Почне да се кара, да не се трпи со некого.
Албански: kapet, hidhërohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Уште првиот ден јатрвите се заглодаа.

запука повеќе

запукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пука.
Албански: filloj të kërsas, gjuaj
Примери:
Сувите греди на чардакот вивнаа во оган и запукаа.

пукне повеќе

пукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање.
Албански: kërset
Примери:
Пукна со прстите повикувајќи го келнерот.

тракне повеќе

тракнат
Вид збор: Глагол, свршен
шкљоцне
Албански: mbyll me krismë

чкрап повеќе

Вид збор: Извик
За подражавање на звукот на чкрапањето.
Примери:
И - чкрап! - бравата се отвори.

чкрапа повеќе

Види и: чкрапне (св.)
чкрапнат
Вид збор: Глагол, несвршен
чкрапне
Употреба: Дијалектен збор

штрак повеќе

Вид збор: Извик
За подражавање звук што се испушта при работа на некои машини или при рачна работа со определени предмети.
Примери:
Се слушна само едно: - Штрак! - и тишина.

штрака повеќе

штракаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За клуч во брава, за пушка кога не фаќа, за заби - издава остар испрекинат звук.
Албански: krismë
Примери:
Штрака со заби.

штракне повеќе

штракнат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти остар, испрекинат звук.
Примери:
Тој штракаше со запалката и си поигруваше со огнот.
Произведе звук, плесне со рацете или со прстите.
Примери:
Еднаш да штракне со прстите и сите ќе ги избрка.

штрапа повеќе

штрапаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гази по нешто, оди издавајќи звук.
Албански: përplasë këmbët
Примери:
Штрапаа боси по бегонската плоча.
Сече реско со ножици.
Албански: pres shpejt me gërshërë
Примери:
Многу брзо штрапа со ножиците, затоа често греши во кроењето.