sneeze - онтологија

закива повеќе

Види и: кива (несв.)
закиваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да кива.
Примери:
Закивав од правта.

изнакива повеќе

Види и: искива (св.)
(се) изнакиваат
Вид збор: Глагол, свршен
Се искива многу, во голема мера.
Примери:
Се изнакива утрово берејќи цвеќе.

искива повеќе

Види и: кива (несв.)
искиваат
Вид збор: Глагол, свршен
Исфрли секрет со кивање.
Албански: tesh, teshtij
(се искива) Кивне силно или повеќе пати.
Албански: tesh, teshtij
Примери:
Одеднаш се искива толку силно што не исплаши.

кива повеќе

киваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Со нагло рефлексно cтегање на градниот кош, исфрла, истиснува воздух од белите дробови преку нос и уста, испуштајќи карактеристичен звук.
Примери:
Настинат е, постојано кашла, кива и шмрка cо носот.

кивка повеќе

Види и: кива (несв.)
кивкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кива по малку.
Употреба: Деминутив

кивне повеќе

кивнаа
Вид збор: Глагол, свршен
кива
Примери:
Правта се разлета на сите страни и тој cилно кивна.

покива повеќе

Види и: кива (несв.)
покиваат
Вид збор: Глагол, свршен
Кива малку, неколку пати.
Примери:
Детето покива малку и се смири.

раскива повеќе

Види и: кива (несв.)
(се) раскиваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да кива.
Примери:
Се раскива нешто детено.