so - онтологија

вака повеќе

Вид збор: Прилог
На овој начин.
Албански: kështu
Примери:
Би се согласиле и вака.

онака повеќе

Вид збор: Прилог
На онаков начин, на оној начин.
Примери:
Гласај онака, како свеста што ти наложува.
При споредување - на ист начин, во иста мера.
Примери:
Но, онака како што тие те сметаа тебе недостоен за своите тајни, така и ти ги сметаше за недостојни.
Без причина, без некаква цел; безволно, по навика, механички.
Примери:
Не бараат заклон, бегаат онака.

така повеќе

Вид збор: Прилог
На тој начин, на истиот начин, на еден определен начин.
Примери:
Ако тераш така, улавски, не верувам дека ќе стигнеш.
туку така (без повод, без причина)
Примери:
Не оди тоа туку така.
и вака и така
Примери:
Како си? - И вака и така.

толку повеќе

толкуте
Вид збор: Прилог
Мошне многу, во голема мера.
Примери:
Толку години те чекав.
До таа мера, до тој степен.
Примери:
Тој е толку добар.