somewhere - онтологија

донекаде повеќе

Вид збор: Прилог
До некое, до определено место.
Примери:
Патот барем донекаде му беше познат.

негде повеќе

Вид збор: Прилог
Неопределено, непознато каде, на кое место.
Примери:
Негде гласно и тажно мјаукаше мачка.
Приближно определување на времето.
Примери:
Писмото е негде од крајот на минатиот век.

некаде повеќе

Вид збор: Прилог
Неопределено каде, на кое место, во која насока.
Примери:
Се сретнале некаде во градот.

однегде повеќе

Вид збор: Прилог
однекаде

однекаде повеќе

Вид збор: Прилог
Од некоја страна, од некое непознато место.
Примери:
Однекаде на небото се појави облак чад.