space - онтологија

воздух повеќе

(едн.) воздухот
Вид збор: Именка, машки род
Отворен, слободен простор, природа.
Примери:
Поседи на воздухот и ќе ти помине.

катче повеќе

мн. катчиња
Вид збор: Именка, среден род
Место на одржување на активности во рамките на нешто друго.
Албански: kënd
Примери:
Катче за бригадирки.

проред повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Слободен простор меѓу редовите на градинарски култури, лозови насади и сл.
Албански: ndarje, hapsirë mes dy rreshtave
Употреба: Земјоделство
Примери:
Проредот меѓу корењата зависи од сортата што се сади.

простор повеќе

мн. простори
Вид збор: Именка, машки род
Празнина во која ги забележуваме сите предмети што нè опкружуваат чии својства се висина, должина и ширина; неограничено простирање во сите правци.
Албански: hapësirë
Примери:
Пред нив се простираше бескраен простор покриен со ниска трева.
Заедно со времето, еден од општите, основни облици или рамки на постоење на материјалниот свет, во кој секое нешто има свое определено место.
Албански: hapësirë
Употреба: Филозофија
Физички универзум надвор од атмосферата на Земјата.
Албански: vend
Примери:
Леталото се најде во безвоздушен простор.

шир повеќе

Вид збор: Именка, женски род
простор, пространство
Употреба: Поетски збор
Примери:
морската шир