мн. искри
Вид збор: Именка, женски род
Многу ситна светкава или усвитена честичка што се изделува од нешто што гори или при удар на тврди тела.
Албански:
xixë, shkëndijë
Примери:
Од ковачницата вивнаа искри и за миг пламна целиот крај.
Ситна честица што блеска при силно осветлување; одблесок.
Албански:
xixë, shkëndijë
Примери:
Прстенот како да фрлаше ситни искри на сонцето.
Мал, ситен дел од нешто, трага од некое чувство и сл.
Примери:
Сѐ уште не исчезнуваше таа искра надеж во мене.
искрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Фрла искри, гори фрлајќи искри.
Примери:
Инсталацијата на разводната табла искреше неколку минути пред да избие пожар.
Светка, блеска како искра.
Примери:
Му искреа очите од радост.
разискрат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави, да фрла искри, разгори.
Примери:
Огнот разискри кога го расчепка.