sparkling - онтологија

искрест повеќе

искрестиот
Вид збор: Придавка
Што светка како да фрла искри.
Примери:
Ги погледна црните искрести очи на девојката.

искричав повеќе

искричавиот
Вид збор: Придавка
Што искри, што фрла искри.
Што светка како искра.
Примери:
Тој твој искричав поглед кажуваше се.

искричест повеќе

искричестиот
Вид збор: Придавка
Што блеска како да фрла искри.
Примери:
Го изгубила оној искричест сјај во очите.

режовит повеќе

режовити
Вид збор: Придавка
За пијалак - што реже.
Албански: pres, grij
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ако има слатка вечера и некое винце режовито.

резлив повеќе

резливиот
Вид збор: Придавка
За пијалак - што реже.
Албански: pije me gaz
Употреба: Гастрономија
Примери:
резливо вино

светликав повеќе

светликави
Вид збор: Придавка
Кој пушта треперава светлина.
Примери:
Светликави ѕвезди.

цвитлив повеќе

Вид збор: Придавка
светол, светкав
Примери:
Имаше еден крст цвитлив.