specialist - онтологија

капацитет повеќе

мн. капацитети
Вид збор: Именка, машки род
Човек со големи способности и големо знаење за дадена област.
Албански: kapacitet, specialist
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е голем капацитет во областа на физиката.

специјалист повеќе

мн. специјалисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што има особени знаења од одделна област на науката.
Албански: specialist
Примери:
Специјалист за нервни болести.

специјалистка повеќе

Види и: специјалист (м.)
мн. специјалистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена специјалист.

стручњак повеќе

мн. стручњаци
Вид збор: Именка, машки род
специјалист, експерт
Албански: specijalist, kompetent