sprayer - онтологија

прскалка повеќе

мн. прскалки
Вид збор: Именка, женски род
Направа или машина со која се прска.
Примери:
Прскањето се изведува си прскалки што се движат по површината или од воздух.

прскач повеќе

мн. прскачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прска, обично хемиски средства против штетници.

распрашувач повеќе

мн. распрашувачи
Вид збор: Именка, машки род
Алатка, машина или дел од машина што служи за распрашување земја.
Употреба: Земјоделство
Примери:
Во комората се вградува распрашувач.

распрскувач повеќе

мн. распрскувачи
Вид збор: Именка, машки род
Прскалка или дел од прскалка.
Примери:
Преку цевка водата доаѓа до распрскувачот.

распрснувач повеќе

мн. распрснувачи
Вид збор: Именка, машки род
Сад со направа за распрснување течност.
Примери:
распрснувач за боја