бодат
Вид збор: Глагол, несвршен
Притиска, удира со шилест предмет (мамузи).
Примери:
Митре го бодеше коњот со мамузите, а магаренцето со зашилен стап.
бодинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јава на коњ терајќи го силно да трча, да галопира.
Примери:
Сватовите цел ден ги бодинаа коњите.
дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подбуцнува добиток за да се движи побрзо; подбуцнува некого да направи нешто.
Примери:
Го преметна огламникот преку самар и почна да го дупи магарето со прачката.
забодинаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бодина.
Примери:
Се качи на коњот и забодина накај градот.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дупи, да подбуцнува некого да направи нешто.
Примери:
Го задупи со лактот за да стане.
За добиток - почне да дупи, да подбуцнува за да оди побрзо.
Примери:
Го задупи магарето со шилестото стапче.
збуцаат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно подбуцне некого.
Примери:
Жената го збуца мажот со лактот.
здупат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ - збодне со мамузи.
Примери:
Го здупи коњот за да стаса побрзо.
(се) набодинаат
Вид збор: Глагол, свршен
Бодина доволно, до задоволување.
спотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера да почне да се движи, да трча.
Примери:
Ги спотера коњите.