squander - онтологија

потруса повеќе

потрусат
Вид збор: Глагол, свршен
Неразумно, залудно потроши, изгуби нешто (пари, имот).
Примери:
Ги потруса парите.

раскрчми повеќе

Види и: крчми (несв.)
раскрчмат
Вид збор: Глагол, свршен
Потроши до крај се што има (имот, пари).
Албански: shkapërderdhës
Примери:
Ние ги раскрчмивме парите.

расфрла повеќе

Види и: расфрли (св.)
расфрлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се расфрла) Троши попусто, растура.
Албански: shpenzoj
Примери:
Се расфрла со пари.

расфрли повеќе

расфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
растури, запусти
Албански: shkapërderdh
Примери:
(нар. поез.) Да расфрли дробно азно.

расфрлува повеќе

Види и: расфрла (несв.)
(се) расфрлуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расфрла

списка повеќе

Види и: писка (несв.)
спискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш потроши многу, без мера.
Албански: harxhoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ја спискал платата во градското казино.

сплиска повеќе

сплискаат
Вид збор: Глагол, свршен
За пари - потроши наеднаш и попусто.
Албански: harxhoj pa masë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе го сплискаат брзо наследството.

сплускува повеќе

Види и: сплиска (св.)
сплускуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сплуска
Албански: harxhoj shumë