squeak - онтологија

заквичи повеќе

Види и: квичи (несв.)
заквичат
Вид збор: Глагол, свршен
За свиња, куче - почне да квичи.
Албански: cifkëlloj
Примери:
Песот болно заквичи.

зацика повеќе

зацикаат
Вид збор: Глагол, свршен
За животни - почне да цика.
Албански: gërvin
Примери:
Малите прасиња зацикаа во дворот.

исквичи повеќе

исквичат
Вид збор: Глагол, свршен
За куче, свиња - испушти карактеристичен звук.

истенка повеќе

истенкаат
Вид збор: Глагол, свршен
За предмет - искрцка.
Албански: kërcet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Истенкаа скалите под моите нозе.

квикне повеќе

Види и: квичи (несв.)
квикнат
Вид збор: Глагол, свршен
квичи
Примери:
Во дворот како да квикна свиња.

квичи повеќе

квичат
Вид збор: Глагол, несвршен
За прасе, куче - испушта карактеристични звуци на квичење.
Албански: gërvin
Примери:
Кучето квичеше, мавташе со опашката, скокаше и се милуваше.
Испушта карактеристични звуци на квичење.
Албански: gërvin
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој само квичи cо гајдата и сосем по танец оди.

крцка повеќе

крцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава куси остри звуци.
Албански: kërcitje
Примери:
Креветот крцка.

поквичи повеќе

Види и: квичи (несв.)
поквичат
Вид збор: Глагол, свршен
Квичи малку, кратко време.
Примери:
Кучето поквичи, си ја собра опашката и замина.

расквичи повеќе

Види и: квичи (несв.)
(се) расквичат
Вид збор: Глагол, свршен
За куче, прасе – почне силно да квичи.
Употреба: Зоологија
Примери:
Ама се расквичиле кучињава.

расквичува повеќе

Види и: расквичи (св.)
(се) расквичуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расквичи

рвајчи повеќе

рвајчат
Вид збор: Глагол, несвршен
(’рвајчи) (за куче) - квичи, руе
Примери:
Петли пеат, бабо, пци ’рвајчат.

сквичи повеќе

сквичат
Вид збор: Глагол, свршен
Наеднаш почне да квичи.
Примери:
Прасињата сквичија.

скрцка повеќе

Види и: крцка (несв.)
скрцкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне наеднаш да крцка.
Албански: kërclloj
Примери:
Скрцкаа штиците под големиот товар.

скрцне повеќе

Види и: крцне (св.)
скрцнат
Вид збор: Глагол, свршен
скрцка еднаш
Албански: kërclloj
Примери:
Скрцка нешто долу.

цвичење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
За прасе, куче - жален остар вик поради глад, страв, ќотек и сл.

цвичи повеќе

цвичат
Вид збор: Глагол, несвршен
За прасе, куче - издава жален остар вик поради глад, страв.
Примери:
Цвичи кучето.

цивка повеќе

цивкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За глувци - издава глас ци-циу.
Албански: gërvin, cifëllon
Примери:
Глувците цивкаат.