Вид збор: Глагол, свршен
Пристигне до некаде тетеравејќи се, одејќи тешко, несигурно.
Примери:
Се дотетерави до своето легло.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да (се) шанта при одење.
Примери:
Пијаниот (се) зашанта по улицата.
(се) истетерават
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе однекаде со тетеравење.
Примери:
Од грмушките се истетерави пијаниот.
лелеат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се лелее) се ниша, се лула
Албански:
tundem, luhatem
Примери:
Одеше по патот и се лелееше.
нишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ниша) Нестабилно оди.
Албански:
luhatet, ec jostabil
Примери:
Се нишаше при одењето како пијан.
(се) нурнат
Вид збор: Глагол, свршен
се заниша
Примери:
Како што одеше, (се) нурна напред и падна.
(се) отетерават
Вид збор: Глагол, свршен
Отиде, појде несигурно тетеравејќи се.
Примери:
Пијаниот се отетерави до вратата.
(се) тетерават
Вид збор: Глагол, несвршен
При одењето - се навала и на едната и на другата страна.
Примери:
Се тетеравеше од едниот крај на улицата до другиот.