stalk - онтологија

дршка повеќе

мн. дршки
Вид збор: Именка, женски род
Тенкиот дел од плодот, листот или цветот со кој се држат на стеблото.
Албански: bisht
Употреба: Ботаника
Примери:
Лисната дршка е средно долга.

опашка повеќе

мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
Дршка на лист или на плод.
Албански: kërcell, bisht
Употреба: Ботаника

петелка повеќе

мн. петелки
Вид збор: Именка, женски род
Дршка на лист, цвет и плод кај растенија.
Албански: bisht bime
Употреба: Ботаника , Дијалектен збор

ракавец повеќе

мн. ракавци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од лист од растение или од стебло на житно растение.
Употреба: Ботаника
Примери:
По оформувањето на првиот лист од неговиот ракавец избива втор.

раковина повеќе

мн. раковини
Вид збор: Именка, женски род
Процеп во кората на дрво или кај некои растенија.
Употреба: Ботаника
Примери:
Кората пука, се одвојува од дрвото и се создаваат раковини.

страк повеќе

мн. стракови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од надземниот дел на растението со листови и цвет.
Албански: kërcell
Примери:
еден страк тутун