stew - онтологија

ѓувеч повеќе

(едн.) ѓувечот
Вид збор: Именка, машки род
Вид јадење со разновиден зеленчук, обично со месо, што се пече во земјен сад.
Турски: güveç Албански: gjyveç
Употреба: Гастрономија

јанија повеќе

мн. јании
Вид збор: Именка, женски род
Вид чорбесто јадење со месо и зеленчук.
Турски: yahni Албански: jani
Употреба: Гастрономија

манџа повеќе

мн. манџи
Вид збор: Именка, женски род
Зготвено јадење, обично чорбесто.
Албански: gjellë
Употреба: Гастрономија

мусака повеќе

(едн.) мусаката
Вид збор: Именка, женски род
Bид јадење од мелено месо и компири или ориз, модри патлиџани и др.
Турски: musakka Албански: musakë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Мусака од компири.

папазјанија повеќе

мн. папазјании
Вид збор: Именка, женски род
Чорбесто јадење со варено месо и разновиден зеленчук.
Турски: papazyahnisi Албански: lloj haje
Употреба: Гастрономија

чомлек повеќе

мн. чомлеци
Вид збор: Именка, машки род
Јадење од варено говедско месо со кромид и лук.
Турски: çömlek Албански: çomlek, gjyveç
Употреба: Гастрономија