sting - онтологија

бодеж повеќе

мн. бодежи
Вид збор: Именка, машки род
Остра краткотрајна болка како удар со нож.
Албански: therrje
Употреба: Преносно значење
Примери:
По целото тело чувствуваше бодежи.

жегавица повеќе

мн. жегавици
Вид збор: Именка, женски род
Бодеж, остар убод од нешто.
Албански: pickim, thumbim
Примери:
Во телото сети остра жегавица.

игла повеќе

мн. игли
Вид збор: Именка, женски род
Остра болка, чувство на боцкање.
Албански: therrje, thumbim
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Игли ме бодеа по телото.

осилка повеќе

мн. осилки
Вид збор: Именка, женски род
Една игличка од осилот.
Албански: thek
осило
Албански: thek
Остар збор упатен со цел да се боцне, да се навреди тој кому му е упатен.
Албански: fjalë që shpon
Примери:
Говорот му беше полн со осилки.

осило повеќе

мн. осила
Вид збор: Именка, среден род
Орган на задниот дел кај некои инсекти (оси, пчели) во кој има отров и кој служи за одбрана.
Албански: thumb
осилка
Албански: thimth
Употреба: Биологија