stop - онтологија

блокада повеќе

мн. блокади
Вид збор: Именка, женски род
Затворање на премин или пат за сообраќај.
Албански: bllokim
Примери:
Тешките товарни возила направија блокада на автопатот.

запир повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
застанување, застој, прекин
Примери:
Реката шумеше без запир.

престан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Обично во изразот без престан - постојано, непрекинато, без сопирање.
Примери:
Странецот без престан нешто објаснуваше.

спир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
застој, крај
Употреба: Поетски збор
Примери:
Нема спир.

стојалиште повеќе

стојалиштето
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се стои.
Албански: vendqëndrim