(се) втурнат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагло влезе, влета.
Примери:
Радослав се качи на својот коњ и сосе него се втурна во водата.
(се) загнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се стрчне, се залета, јурне по / кон некого.
Примери:
Едно куче се загна по него.
јагмат
Вид збор: Глагол, несвршен
брза, трча, настојува
Турски:
yağma
Албански:
shpejton, vrapon
Употреба:
Архаизам
Примери:
Има луѓе што јагмат по славата.
јуришаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се стреми да постигне нешто, да освои позиција.
Примери:
Сите ќе јуришаат за првото место.
Вид збор: Глагол, несвршен
(повт.) загнува
Примери:
Крвта му јурнува в глава и тогаш не мисли што прави.
(се) нагрвалат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно нападна, се нафрли на некого, на нешто.
Примери:
Едни со пушки (се) нагрвалија да го ослободат градот, други со коли (се) нагрвалија да го ограбат.
налетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно нападне, изврши налет.
Албански:
sulmoj, vërsulem
Примери:
Налетаа на тврдината, но беа одбиени.
Вид збор: Глагол, несвршен
(се урива) јури
Примери:
Возот се уриваше во непознат правец.