ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
почетна
правопис
обратно
области
синоними
корпус
stormy - онтологија
Dictionary.com
бурен
повеќе
бурниот
Вид збор:
Придавка
Раздвижен, зафатен од бура.
Примери:
Бурно море.
виорен
повеќе
виорниот
Вид збор:
Придавка
Што е како виор.
Примери:
Виорен бран.
виуличав
повеќе
виуличавиот
Вид збор:
Придавка
Што е како виулица, ветричав, бурен, што се однесува на виулица.
Примери:
Виуличава ноќ.
гороломен
повеќе
гороломниот
Вид збор:
Придавка
Обично за ветер - што е силен, што крши гори.
Примери:
гороломен ветер
дрчав
повеќе
дрчавиот
Вид збор:
Придавка
Што се однесува на дрча.
Примери:
дрчави времиња
дрчен
повеќе
дрчниот
Вид збор:
Придавка
дрчав
Примери:
дрчно време
Слично со:
дрчав (прид.)
луњав
повеќе
луњавиот
Вид збор:
Придавка
Што има луња (за време).
Слично со:
бурен (прид.)
разбрануван
повеќе
Види и:
разбранува (несв.)
разбрануваните
Вид збор:
Придавка
(глаг. прид.) разбранува
Примери:
Разбранувано море.