мн. сублимации
Вид збор: Именка, женски род
Преминување на тврдите тела во гасовити и со ладење и одново враќање во тврда состојба.
Слично со:
испарување (ср.)
Во психоанализата - пренасочување на некои инстинктивни, нагонски, обично општествено неприфатливи дејности, кон друга дејност, општествено прифатлива, којашто може да ги задоволи примарните побуди (на пр. пренасочување на некоја деструктивна дејност кон занимавање со спорт, уметност и сл.).
Сублимација на еротскиот нагон во творештвото.
Воздигање, претворање во нешто возвишено.
Примери:
Расказите се сублимација на поетското и прозното дело на авторот.
Слично со:
облагородување (ср.)