suitable - онтологија

доличен повеќе

доличниот
Вид збор: Придавка
Што доликува.

згоден повеќе

згодни
Вид збор: Придавка
Што сосема одговара.
Примери:
згодна околност

згодно повеќе

Вид збор: Прилог
Што сосема одговара; погодно.
Примери:
Згодно избрани примери.

мунасип повеќе

Вид збор: Прилог
умесно, добро, згодно, правилно
Турски: münasip
Употреба: Архаизам
Примери:
Имотот го поделија како што најдоа мунасип старците.

погоден повеќе

погодени
Вид збор: Придавка
Што одговара, соодветен за нешто, за дадена потреба, намена итн.
Албански: i qëlluar
Примери:
погоден момент

подобен повеќе

подобни
Вид збор: Придавка
Што е способен, погоден за некоја работа.
Примери:
Тој не е подобен за таа работа.

пригоден повеќе

пригодни
Вид збор: Придавка
Што е удобен, погоден.
Примери:
Добрите писатели бараат најпригоден збор.

сообразен повеќе

сообразни
Вид збор: Придавка
Кој се согласува со нешто, кој е во согласност, соодветен.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Сообразно решение.

сообразно повеќе

Вид збор: Прилог
сообразен
Употреба: Книжевен збор
Примери:
(разг.) Сообразно со (законот, интересите, желбите).

соодветен повеќе

соодветни
Вид збор: Придавка
Што одговара на нешто; нужен за определен случај.
Примери:
Подготви ѝ соодветен говор.

соодветно повеќе

Вид збор: Прилог
соодветен
Примери:
соодветно екипирани луѓе