погодени
Вид збор: Придавка
Што одговара, соодветен за нешто, за дадена потреба, намена итн.
Примери:
погоден момент
подобни
Вид збор: Придавка
Што е способен, погоден за некоја работа.
Примери:
Тој не е подобен за таа работа.
пригодни
Вид збор: Придавка
Што е удобен, погоден.
Примери:
Добрите писатели бараат најпригоден збор.
сообразни
Вид збор: Придавка
Кој се согласува со нешто, кој е во согласност, соодветен.
Примери:
Сообразно решение.
соодветни
Вид збор: Придавка
Што одговара на нешто; нужен за определен случај.
Примери:
Подготви ѝ соодветен говор.