swarm - онтологија

зарои повеќе

Види и: рои (несв.)
(се) заројат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се рои.
Албански: mblidhen
Примери:
Пчелите се зароија околу нас.
Се реди едно по друго во голем број.
Албански: mblidhen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во главата му се зароија слики од детството.

изрои повеќе

Види и: рои (несв.)
(се) изројат
Вид збор: Глагол, свршен
За пчели - заврши со роење.
Примери:
Пчелата се изрои.

јато повеќе

мн. јата
Вид збор: Именка, среден род
Група птици или риби од ист вид што живеат или се движат заедно.
Албански: flok, tufë
Примери:
јато бели лебеди

нагрозди повеќе

(се) нагроздат
Вид збор: Глагол, свршен
Се народи, се насобере, се појави во поголемо количество.
Употреба: Поетски збор
Примери:
Гранките се нагроздиле со петровки јаболка.

нарои повеќе

(се) наројат
Вид збор: Глагол, свршен
Со роење се намножи (за пчели и др.)

рои повеќе

(се) ројат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пчели и некои други инсекти - се изделува рој.
Албански: tuf, roe
Употреба: Зоологија
Примери:
Наскоро пчелите ќе се ројат.
За мисли - се појавува во големо количество.
Албански: tog, tuf
Употреба: Преносно значење
Примери:
Само какви мисли ми се роеја во главата.

роиште повеќе

Види и: рој (м.)
мн. роишта
Вид збор: Именка, среден род
рој
Употреба: Аугментатив

рој повеќе

мн. роеви
Вид збор: Именка, машки род
Семејство на пчели или на други слични инсекти.
Албански: gëlon, luzmë, krinë
Употреба: Зоологија
Примери:
рој пчели
Множество инсекти што кружат во воздухот.
Албански: gëlon
Употреба: Зоологија
Примери:
Летна еден рој комарци.
Множество од нешто.
Албански: gëlon
Употреба: Преносно значење
Примери:
рој мисли

ројак повеќе

мн. ројаци
Вид збор: Именка, машки род
Млад рој пчели.
Албански: roe bletësh
Употреба: Зоологија
рој
Албански: roe

ројче повеќе

Види и: рој (м.)
мн. ројчиња
Вид збор: Именка, среден род
рој
Употреба: Деминутив

улиште повеќе

мн. улишта
Вид збор: Именка, среден род
пчелите од една кошница
Албански: hoje, luzmë, krinë