swim - онтологија

доплива повеќе

Види и: плива (несв.)
допливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне некаде со пливање.
Примери:
До другиот брег допливаа само неколкумина.

заплива повеќе

запливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плива.
Албански: noton
Примери:
Тој заплива уште побрзо.

избања повеќе

Види и: бања (несв.)
избањаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се избања) се искапе
Албански: lahem, bëj banjo
Примери:
Тој се избања во езерото.

исплива повеќе

Види и: плива (несв.)
испливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе на површината на водата пливајќи.
Албански: notoj
Примери:
Падна од голема височина и едвај исплива на површината.
Преплива нешто.
Албански: notoj
Употреба: Спорт
Примери:
Денес испливав три километри.

капе повеќе

капат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се капе) плива
Албански: notoj
Примери:
Лете, понекогаш се капеа во реката.

наплива повеќе

(се) напливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Плива доволно, до задоволување.

плива повеќе

пливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Успее да се движи по површината на водата или во неа.
Српски: пливати Албански: notoj Бугарски: плувам
Примери:
Се учи да плива.
Лежи, се наоѓа во нешто течно.
Албански: notoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Плива во крв.

пливне повеќе

пливнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плива.
Албански: notoj
Стане натопен во вода или во течност, е облеан.
Албански: i lagur
Примери:
Јадењето пливна во зејтин.

покапе повеќе

Види и: капе (несв.)
покапат
Вид збор: Глагол, свршен
(се покапе) Плива малку, кратко време.
Албански: notoj
Примери:
Девојката се покапи во реката.

проплива повеќе

Види и: плива (несв.)
пропливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плива првпат или по некое време.
Примери:
Тој проплива лани на море.

расплива повеќе

Види и: плива (несв.)
распливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плива повеќе или уште повеќе.
Примери:
Гумените играчки се распливаа во езерото.
Со вежбање постигне добро, сигурно владеење во пливањето, подготви (загревање) за пливачки натпревар.
Примери:
Пливачите се распливаа еден час пред натпреварот.
Почне да плива засилено, многу.
Примери:
Игор вчера ептен се расплива.

спливне повеќе

Види и: пливне (св.)
спливнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плива.
Употреба: Народна поезија
Примери:
И пак спливнаа во она црно море.