talent - онтологија

дар повеќе

мн. дарови
Вид збор: Именка, машки род
Природна способност, дарба, талент.
Албански: talent
Примери:
Таа има вонреден дар за раскажување.

дарба повеќе

мн. дарби
Вид збор: Именка, женски род
Вродена особина, способност за творење во областа на уметноста, науката, техниката и сл.
Албански: talent
Примери:
Дарба за помнење.

дарбина повеќе

Види и: дарба (ж.)
мн. дарбини
Вид збор: Именка, женски род
дарба

диспозиција повеќе

мн. диспозиции
Вид збор: Именка, женски род
талент, надареност
Албански: talent
Примери:
Вродена диспозиција.

жица повеќе

мн. жици
Вид збор: Именка, женски род
Посебна дарба за нешто.
Албански: talent
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој има поетска жица.

смисла повеќе

(едн.) смислата
Вид збор: Именка, женски род
склоност, способност
Албански: talent, sens
Примери:
Има смисла за музика.

способност повеќе

мн. способности
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Природна склоност кон нешто.
Албански: afinitet, talent
Примери:
музички способности

талент повеќе

мн. таленти
Вид збор: Именка, машки род
творечка дарба
Албански: talent
Примери:
Има талент за математика.
надарен човек
Албански: talent
Примери:
Музички талент.

талентираност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
надареност