taste - онтологија

вкус повеќе

мн. вкусови
Вид збор: Именка, машки род
Еден од петте надворешни осети што се прима преку јазикот и внатрешноста на устата.
Албански: shije
Употреба: Медицина
Примери:
Сладок вкус.
Осетот што го произведува храната во устата (благ, кисел, горчлив, лут).
Албански: shije
Употреба: Гастрономија
Чувство, мерило и смисла за убаво, склоност кон убавото.
Албански: shije
Употреба: Преносно значење
Примери:
Има истанчен вкус.

сладина повеќе

мн. сладини
Вид збор: Именка, женски род
Осет предизвикан од нешто слатко, вкусно, сласт.
Албански: shije e ëmbël
Примери:
Сладината на печеното пиле.

шмек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вкус, арома
Германски: Geschmack
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
А, велат, дека ни подметнуваат коњско и магарешко, што дава посебен шмек и убаво горчлив вкус.