testify - онтологија

заколне повеќе

заколнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се заколне) Засведочи, докаже нешто со заколнување.
Албански: dëshmoj me betim
Примери:
Тој се заколна дека никогаш не го видел тој човек.

посведочи повеќе

Види и: сведочи (несв.)
посведочат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже, докаже, потврди нешто со сведочење, како сведок.
Албански: dëshmoj
Примери:
Вие ќе треба само да посведочите во врска со некои тези на обвинението.

потврди повеќе

потврдат
Вид збор: Глагол, свршен
Посведочи дека претходно кажаното, пишаното или стореното е точно, вистинито.
Албански: dëshmoj
Употреба: Правда
Примери:
Дека сето ова е точно, можат да потврдат и другарите што беа со мене.

сведочи повеќе

сведочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потврдува нешто во својство на сведок на суд.
Албански: dëshmoj
Употреба: Правда
Примери:
Тој ќе сведочи, се знае, во негова корист.

свидетелствува повеќе

Види и: сведочи (несв.)
свидетелствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сведочи