theory - онтологија

теорија повеќе

мн. теории
Вид збор: Именка, женски род
Како логичко обопштување на опитот, на практиката, што ги одразува законитостите на природата и општеството.
Албански: teori
Примери:
научна теорија
Како целокупност од правила, основни поставки, научни основни поими на некоја дисциплина.
Албански: teori
Примери:
Теорија на музиката, на литературата, на шахот итн.
Како целокупност од научни поставки што објаснуваат некои факти, појави.
Албански: teori
Примери:
Дарвиновата теорија
Општи апстрактни расудувања наспроти практичната дејност и реалноста.
Албански: teori
Употреба: Преносно значење
Примери:
Луѓе, нам сега овде не ни се потребни теории, туку треба да запнеме и да ја свршиме работата.