thread - онтологија

винт повеќе

мн. винтови
Вид збор: Именка, машки род
Алатка за навртување, алатка што работи на принципот на навртување.
Германски: Gewinde Албански: vidhë

влас повеќе

мн. власи
Вид збор: Именка, машки род
Предено, волна или друга материја, дел од кадела од која со предење се добива нишка, повеќе влакна заедно.
Албански: fije

гвинт повеќе

мн. гвинтови
Вид збор: Именка, машки род
завртка, шраф
Германски: Gewinde
Употреба: Дијалектен збор , Технологија

жица повеќе

мн. жици
Вид збор: Именка, женски род
усукана нишка
Албански: fije
Примери:
Конец од три жици.

ибришим повеќе

мн. ибришими
Вид збор: Именка, машки род
Тенок свилен или памучен конец за шиење или везење.
Турски: ibrişim
Примери:
црн ибришим

конец повеќе

мн. конци
Вид збор: Именка, машки род
Усукани нишки (две или неколку) со еднаква дебелина по целата должина од памук, волна, свила или вештачки материјал што се користи за плетење, шиење, ткаење.
Албански: pe, fije
Примери:
Шие со игла и конец.

нитка повеќе

Види и: нишка (ж.)
мн. нитки
Вид збор: Именка, женски род
нишка

нишка повеќе

мн. нишка
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што е тенко како конец.
Албански: fije
Примери:
Сребрена нишка.
Една жица, конец од основата во ткаењето.
Албански: fije
Нешто што поврзува, што обединува, што се провлекува како општа линија, идеја, обележје.
Албански: fije
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чувствуваа дека нишката што ги поврзуваше безнадежно се кине.