threat - онтологија

закана повеќе

мн. закани
Вид збор: Именка, женски род
Заплашување, застрашување со нешто (обично со зборови).
Албански: kërcënim
Примери:
Вртеше со главата во знак на закана.

заканувачка повеќе

Види и: закана (ж.)
мн. заканувачки
Вид збор: Именка, женски род
закана
Примери:
Гневна заканувачка.

заплашување повеќе

мн. заплашувања
Вид збор: Именка, среден род
закана
Примери:
Неговото семејство беше изложено на постојани напади и заплашувања.

фалба повеќе

мн. фалби
Вид збор: Именка, женски род
закана
Албански: kërcënim
Примери:
Не ти се плашам на фалбите.

фалење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
заканување
Албански: kërcnim
Примери:
Неговото фалење со оружје беше осудено.