through - онтологија

крз повеќе

Вид збор: Предлог
низ
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Кинисал крз поле широко.

низ повеќе

Вид збор: Предлог
Пространствено значење: движење, без определба на насоката.
Примери:
Четата врвеше низ гората.
Движење со провирање во нешто.
Примери:
Користејќи ја темнината и дождот, лесно се пробиле низ непријателскиот обрач.
Временско значење.
Примери:
Долго ни кажуваше за што поминал низ животот.
Начинско значење.
Примери:
Поради настинка зборуваше низ нос.

преку повеќе

Вид збор: Предлог
Движењето од внатрешниот дел на нешто кон надвор.
Примери:
Касата ја изнел преку помошниот влез.
Посредство, средство со чија помош се врши дејството.
Примери:
Ти испратив порака преку еден доверлив човек.

ширум повеќе

Вид збор: Предлог
низ, низ цел, од
Примери:
Како се одвива сообраќајот ширум Македонија?