trade - онтологија

истргува повеќе

Види и: тргува (несв.)
истргуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некаква трговија.
Албански: tregtoj
Употреба: Економија
Примери:
Добро истргувавме неделава.

потргува повеќе

Види и: тргува (несв.)
потргуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргува извесно време, малку.
Примери:
Потргува еден месец и се откажа од работата.

тргува повеќе

тргуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со трговија.
Употреба: Економија
Примери:
Тргува со зеленчук.