trainee - онтологија

волонтер повеќе

мн. волонтери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи доброволно или бесплатно заради лично усовршување.
Примери:
Тој е волонтер во една хуманитарна организација.

практикант повеќе

мн. практиканти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вежба, што поминува низ практика.
Употреба: Образование
Примери:
Тој е практикант и не може да потпишува документи.

приправник повеќе

мн. приправници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што почнува работа во одредена професија.
Примери:
Адвокатски приправник.

стаасист повеќе

Вид збор: Именка, машки род
стажант
Употреба: Ретко

стажант повеќе

мн. стажанти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е на стаж.
Употреба: Економија
Примери:
лекар стажант

стажантка повеќе

Види и: стажант (м.)
мн. стажантки
Вид збор: Именка, женски род
За жена стажант.

стажист повеќе

Види и: стажант (м.)
мн. стажисти
Вид збор: Именка, машки род
стажант