twitter - онтологија

зацврчи повеќе

зацврчат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да цврчи.
Албански: cicëroj
Примери:
Штурците зацврчеа.

зацрцори повеќе

зацрцорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да црцори.
Албански: fillon të cicëroj
Примери:
Изгладнето врапче зацрцори на снегот.

зачрчори повеќе

зачрчорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чрчори.
Примери:
Зачрчорија првите пролетни птици.

разџивка повеќе

(се) разџикаа
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да џивка засилено, многу гласно.
Примери:
Врапчињата се разџивкаа.

расцврка повеќе

Види и: цврка (несв.)
(се) расцвркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно да цвркоти.
Примери:
Ама се расцвркотеле врапчињата.

цврка повеќе

Види и: цвркоти (несв.)
цвркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
цвркоти
Примери:
Врабец цврка на гранка.

цвркоти повеќе

цвркотат
Вид збор: Глагол, несвршен
За врапчиња и некои други птици - издава цвркот.
Албански: cicërroj
Примери:
Врапчињата едностојно цвркотеа.

цврчи повеќе

цврчат
Вид збор: Глагол, несвршен
цвркоти
Албански: cicërroj

чирика повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
црцори
Примери:
Врапците чириликаа низ врбалаците.

чурулика повеќе

чуруликаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Црцори, но со понизок тон и помала честота.
Примери:
Чучулигата чурулика.