грди
Вид збор: Придавка
Што е по својот надворешен изглед неубав, непривлечен, непријатен.
Примери:
грда жена
Што е лош, страшен, непристоен.
Примери:
Вчера слушнав една грда вест.
Вид збор: Прилог
грд
Примери:
Денес децата многу грдо се однесуваа.
грдомазниот
Вид збор: Придавка
Што е грд, со грд лик.
Примери:
Тој не беше некое лично ергенче, ами напротив, беше доста грдомазен.
грозниот
Вид збор: Придавка
За живо суштество - што е грд, со непријатен изглед.
Примери:
грозен човек
загрубат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане грд.
Примери:
Тешкиот аргатски живот и ги загрубел рацете.
наказниот
Вид збор: Придавка
Што е како казнет, што има некаков физички недостаток.
Примери:
Во собата влезе ситно човече со наказен изглед.
неубавиот
Вид збор: Придавка
Што не е убав, што не се одликува со убавина.
Примери:
неубав човек