under - онтологија

под повеќе

Вид збор: Предлог
Начин, белег, карактер на вршењето на дејството.
Примери:
Кошаркарите играа под своите можности.
Состојба, околности при кои се врши дејството.
Примери:
Под стари години се расправа по судови за имотот.
Причина за вршење на некое дејство.
Примери:
Министерот си поднесе оставка под притисок на јавноста.
Потчинетост, зависност на дејството или состојбата од некого или од нешто.
Примери:
Ќе биде под моја команда.
опфатеност, соодветност, еднаквост
Примери:
Под инфлација се подразбира покачување на цените.