излокаат
Вид збор: Глагол, свршен
За истечна вода - издлаби, поткопа - терен, пат, крајбрежно земјиште и сл.
Примери:
Силните дождови ги излокаа патиштата.
минираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Постави, поставува мини.
Примери:
Теренот беше миниран.
подјадат
Вид збор: Глагол, свршен
поткопа, подрие
Примери:
Реката го подјала брегот кај стариот мост.
За здравје - наруши, расипе малку, донекаде.
Примери:
Тешкиот селски живот му го подјаде здравјето на стариот.
подлокаат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода - поткопа одоздола.
Примери:
Поројот го подлокал патот.
подријат
Вид збор: Глагол, свршен
поткопа
Примери:
Реката веќе го подрила брегот.
Поткопа, нанесе штета, направи да ослаби нешто.
Примери:
Лошите примери го подриваат моралот на младите.
подронат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткопа со ронење, одрони.
Примери:
Водата го подронила брегот кај свијокот.
(се подрони) Се поткопа, се одрони.
Примери:
Земјата кај насипот се подронила.
Вид збор: Глагол, свршен
Поткопа малку, до определен степен.
Примери:
Надојдената вода ги попоткопа ѕидовите на куќата.
Наштети малку некому.
Примери:
Тешката работа му го попоткопа здравјето.
поткопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Подрие одоздола, од долната страна.
Примери:
Реката го поткопала мостот.
Наштети некому, подрие основа на нешто за да го урне.
Примери:
Со тоа се злоупотребува слободата на изразување и се поткопуваат демократските вредности.